ЕХФ ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ 2020

Норвешка е третиот полуфиналист

Репрезентацијата на Норвешка ја оствари потребната победа над Исланд и стана третата репрезентација која обезбеди полуфинале на ракометното ЕУРО.

Норвежаните почнаа фуриозно и на почетокот водеа со 7:0 што се чини дека беше и решавачко на овој натпревар. Исланѓаните цело прво полувреме беа нокаутирани, а најголемката разлика гласеше плус 8 за Норвешка.

После паузата Исланд успеа да ја намали разликата, но сѐ што направи беше тоа што дојде на минус 3. Во целиот натпревар Исланд во ниту еден момент не поведе, а нерешено имаше само на стартот кога беа оние почетните 0:0.

Сандер Сагосен со 9 голови беше најефикасен, а голманот Торбјерн Бергеруд одбрани 13 исландски удари. Кај Исланѓаните Олафур Гудмундсон постигна 5 голови.

Норвешка сега е сигурен полуфиналист, но не ѝ е сигурно првото место бидејќи во последното коло игра со Словенија која има два бода помалку.

Табела група II:
1. Норвешка 8 (4) 124:105
2. Словенија 6 (4) 108:99

3. Унгарија 4 (3) 82:82
4. Исланд 2 (4) 101:110
5. Португалија 2 (4) 112:116
6. Шведска 0 (3) 64:79

реклама

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе