Свет
Нарушен безбедносен протокол

Норвешки министер поднесе оставка поради носење службен телефон на одмор

14. август 2018 - 12:58 | Б.С.Б.

Норвешкиот министер Пер Сандберг поднесе оставка бидејќи со себе го понел службениот телефон додека бил на одмор во Иран, со што нарушил безбедносен протокол.

Премиерката Ерна Солберг го прекорила 58-годишниот министер бидејќи претходно не ги известил колегите каде ќе оди на одмор, а со себе го понел и службениот телефон. Но, тоа не е единствената работа поради која е критикуван министерот. Тој со себе ја повел и девојката, 28-годишната Бахарен Летнес која е родена во Иран. Нејзиното барање за азил е одбиено трипати во Норвешка, но добила државјанство бидејќи во Иран постоело опасност да биде присилена на брак без нејзина согласност.

Солберг веднаш го побарала службениот мобилен од министерот, а уредот бил префрлен на анализа во рацете на службите за безбедност.

Норвешките безбедносни служби редовно го ставаат Иран како една од земјите која врши шпионажа, покрај Кина и Русија, пишува Guardian.

Веста ја разбрани политичката сцена во Норвешка, министерот првин се извини, но критиките не стивнаа па затоа на крајот си даде оставка.

Коментирај