Норвешки остров сака да го укине концептот за време

Сигурно барем еднаш сте слушнале како некој вели дека времето е „теоретска конструкција создадена од луѓето“. Епа, еден норвешки остров по име Сомаруј сака да го искористи ова тврдење за да го „избрише“ концептот за време од неговата теорија, и тоа со добра причина.

Малиот остров кој се наоѓа западно од Тромзо, а северно од Арктичкиот Круг, живеат само 300 жители и Сонцето не се појавува од ноември до јануари, а потоа воопшто не заоѓа од 18 мај до 26 јули – односно цели 69 дена.

Целосното отсуство на сончева светлина во текот на три месеци, по кое следува константна светлина во период од два месеци создава огромни проблеми во цикличниот начин на кој се мери времето, според кој Сонцето изгрева и заоѓа секој ден, според однапред одреден распоред.

„Насекаде околу светот луѓето страдаат од стрес и депресија. Во многу случаи ова се поврзува со чувството на заробеност, во што огромна улога игра часовникот“, вели Кјел Ове Хвединг, лидер на кампањата Time-Free Zone.

Откако ќе ги преживеат неколкуте месеци на константна ноќ, жителите на овој новрешки остров можат да се израдуваат на сончевата светлина, која го окупира небото повеќе од два месеци. Тоа тотално го негира начинот на кој го мериме времето и затоа кампањата Time-Free Zone се обидува да се избори за укинување на концептот на конвенционално мерење на времето.

„Има константна сончева светлина и ние се однесуваме во склоп со временските услови. Среде ноќ, кога часовникот покажува 2 часот по полноќ, можете да видите деца како играат фудбал на улица или пак луѓе кои си ги фарбаат оградите на дворовите. Секој си ги врши своите обврски, иако технички е ‘ноќ’“, додава Хвединг.

Иако локалците ги живеат тие три месеци на константна светлина без да обрнат внимание на часовникот, кампањата Time-Free Zone инсистира тоа да биде однесено на ново ниво и времето да биде целосно „откажано“.

На 13 јуни оваа година, локалните жители се собраа во сала за да потпишат петиција со која бараат островот да биде прогласен за „безвременска зона“, односно територија на која конвенционалното мерење на време нема да постои. Потоа, Хвединг ги предаде потписите кај член на норвешкиот парламент, Кент Гудмундсен, притоа разговарајќи со него за придобивките кои би ги донела ваквата одлука.

„За многумина од нас, писмената потврда на ова барање ќе значи само формализирање на нешто што ние го спроведуваме во пракса со генерации“, рече Хвединг.

Жителите на Сомаруј се надеваат дека промената ќе резултира во поголема флексибилност во училишните и работните часови, а тоа ќе биде многу значајно за поголемиот број луѓе кои се занимаваат со риболов и работа на поле. Со укинување на времето, жителите би можеле да се фокусираат на продуктивноста, наместо на фиксни саатници.

Со години, кога жителите на овој остров го поминуваат мостот кој ги спојува со Норвешка за да се вратат дома, ги оставаат часовниците врзани за него како знак за тоа дека се откажуваат од времето.

Ако ништо друго, потенцијалната одкука за укинување на времето би резултирала во поголем интерес од туристи и со сигурност ќе го направи Сомаруј една од најинтересните дестинации за посета на северниот дел од Европа.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Чек дис аут

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе