Носталгија: Легендарните телефони од нашето минато

Sony Ericsson t610

Sony Ericsson t610 е еден од нашите омилени мобилни - ситен, ама фенси. И покрај малата форма, имаше камера, Bluetooth и мал џојстик кој беше ептен користен ако сакавте да си играте.

Blackberry Bold 9000

Легендарниот Bold 9000 е ултимативна еволуција на оригиналниот Blackberry пред тој како и сите останати да влезе во ерата на дисплеј на допир. Имаше 3G и камера од 2 мегапиксели.

Ericsson T28

Ericsson T28 излезе во далечната 1998 година и во своето време беше најтенкиот и најлесниот мобилен на пазарот. Тежеше само 83 грама, имаше dual-band GSM компатибилност и интерен адресар за до 250 контакти, а доаѓаше со преинсталиран тетрис и Солитер.

Motorola RAZR V3

Motorola го лансираше RAZR V3 во 2003 година, а овој тенок и елегантен мобилен беше карактеристичен по алуминиумското куќиште, преклопната форма и штета што како и сите останати телефони на преклоп страдаше од губење на контакт во „зглобот”.

Nokia 6600

Необичниот и корпулентен Nokia 6600 излезе во 2003 година и беше еден од првите смартфони на Nokia. Имаше Symbian OS и за во тоа време можна камера од 0,3 мегапиксели, како и меморија од 6МВ и слот за мемориска картичка.

Nokia 3310

Многу сопственици на Nokia 3310 се имаат шегувано дека нивниот мобилен би можел да преживее и нуклеарна експлозија. Nokia 3310 е еден од најпрепознатливите модели на финскиот производител. На пазарот пристигна во 2000 година и останатото е историја.

Nokia 7110

Легендарниот 7110 е вториот телефон на Nokia со лизгачко капаче преку кое можеше да се одговара на повици.

Nokia 9210

Аха, изгледа како цигла, ама во неговото време претставуваше ултимативен бизнис телефон. Замислете се како бизнисмен во далечната 2006 година кој барал комбинација на џебен комјутер и одличен бизнис телефон. Првиот избор би била оваа Nokia - технолошки понапредна верзија на Nokia 9300 која го воодушеви секој што ја купи.

Sony Ericsson p800i

Погледнете го овој прекрасен телефон. Во времето кога излезе на пазарот, Sony Ericsson p800i претставуваше ѕвер помеѓу смартфоните. Неговиот прекрасен екран во боја и на допир беше одличен избор и за гејмерите, а имаше и тастатура на преклоп која можеше да се извади.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Мобилни

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Read more

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Read more

Xiaomi Civi 4 Pro е првиот смартфон со Snapdragon 8s Gen3 процесор

Read more

Како да си ги вратите фотографиите што случајно сте ги избришале од телефонот?

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе