Нотен запис на Моцарт продаден за 372.500 евра

Париз, 19 ноември 2019 (МИА) – Оригинална партитура за менуети којaшто Волфганг Амадеус Моцарт ја напишал кога имал 16 години и која била дел од колекцијата ракописи на австрискиот писател Штефан Цвајг, е продадена денеска во Париз за 372.500 евра, скоро двојно повеќе од почетната цена.

Композицијата со два завршени менуета за оркестар, првично била проценета меѓу 150.000 и 200.000 евра. Компонирана е 1772 година во Салцбург.

– Цвајг бил голем колекционер на нотни записи, меѓу нив можеби најзначајни се Моцартовите. Ова е единствениот примерок од партитурата. Моцарт секогаш застанувал кај првата верзија, за разлика од Бетовен, кој постојано би му се враќал на својот труд, рече Сајмон Мегваер, стручњак за музички ракописи во аукциската куќа Sotheby's.

На нотниот запис, со ракописот на Моцарт е напишано и „готово”. Тој никогаш никаде не е објавен, има неколку исправки и мали измени, од кои една или две се од таткото на Моцарт, Леополд. Композицијата ја зачувала сестрата на славниот музичар, Марија Ана, а на крај делото завршило во обемната колекција на Штефан Цвајг.

Записот е единствен од „Шест менуети К.164“ којшто сè уште е во приватна сопственост. Наддавањето е во рамки на продажбата на дела од библиотеката на познатиот швајцарски библиофил Жан-Франсоа Шапонје.

Моцарт своите први музички дела ги компонирал како дете со помош на татка си.

реклама

Мурињо ни се фати за 5 сантиметри: Нѐ накодоши дека головите ни се ниски

Read more

Спасовски: Кривична пријава и суспензија за полицаецот од Битола кој нападна Ром

Read more

Емоционално интелигентните луѓе никогаш нема да ги кажат овие реченици

Read more

Ветераните на ОВК до ЕУЛЕКС: Ќе ви одговориме исто како на Југославија

Read more

Музика

Џеј Ло и Малума со секси спот за песните „ Pa Ti + Lonely“

Read more

Најмудрите зборови на Милан Младеновиќ што важат и денес

Read more

„Њу ордер“ се пофалија со наградата од фестивалот Скопје Синема Сити

Read more

Колкупати „Metallica“ гостувала во секоја земја?

Read more

Сцена

  • play_arrow

Ова се најдобрите крими филмови на сите времиња

Читај повеќе
  • filter

Доделени наградите на 19. Синедејс

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Џеј Ло и Малума со секси спот за песните „ Pa Ti + Lonely“

Читај повеќе

Marvel ги одложи премиерите за следната година

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со „Anabelle Comes Home“

Читај повеќе

Ќе се снима продолжение на славниот „The Passion of the Christ“

Читај повеќе

„Синеплекс“ повторно ги отвора киносалите

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за анимираната авантура „Over The Moon“

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix го објави официјалниот трејлер за хорор-серијата „The Haunting of Bly Manor“

Читај повеќе