Nothing наскоро го пушта својот прв телефон - и тоа проѕирен

Компанијата Nothing конечно потврди дека нивниот прв телефон ќе биде лансиран ова лето. Извршниот директор Карл Пеи, исто така, откри дека телефонот Nothing phone (1), како што го именуваа, ќе има чипсет Qualcomm Snapdragon и ќе се напојува од прилагодена варијанта на Android наречена Nothing OS.

Извештајот што ни го донесе Макс Џамбор, кој веќе имаше некои точни протечени информации за уредите на OnePlus, тврди дека телефонот ќе биде претставен на 21 јули и ќе чини околу 500 евра. Наше е да се надеваме дека телефонот ќе го има најдоброто што го нуди Qualcomm, но за тие пари реално е да се очекува дека Nothing phone (1) ќе работи со чипсет Snapdragon 7 Gen 1.

Дополнително, списанието Wallpaper објави интервју со „умовите зад уредот“ кое ни дава увид во тоа што можеме да очекуваме од првиот паметен телефон на компанијата Nothing. Накратко, интервјуто го потврдува она што повеќето го очекуваа - Nothing phone (1) ќе има проѕирен заден дел.

Том Хауард, шеф за дизајн во Nothing, во интервјуто откри дека „сакале да ја истакнат внатрешноста“ на телефонот, кој има повеќе од 400 компоненти. „Од перспектива на индустријата, ги земате предвид компонентите што крајниот корисник обично никогаш не ги гледа, па затоа мора да го редизајнирате речиси целиот производствен процес за да ги истакнете“, вели тој.

„Мислам дека принципот што го имаме е многу силен - дизајнот не е само декорација, туку мора да има врска помеѓу формата и функцијата“, додава Хауард.

Од интервјуто дознавме и дека телефонот ќе има рециклирана алуминиумска рамка, со цел компанијата од самиот почеток да го намали својот удел во загадувањето во јаглерод.

Ако сакате, можете да го пробате Nothing Launcher на вашиот уред со Android во моментов.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе