Нотр Дам: Дали се собрани премногу пари за обнова на катедралата?

Откако познатата катедрала Нотр Дам во Париз беше оштетена во голем пожар, донации стигнуваат од целиот свет за да се обнови монументалната градба и да ѝ се врати некогашниот сјај.

Обични луѓе и милијардери донираа најмалку 750 милиони евра во првите 10 дена откако во пожарот на 15 април беше оштетен покривот на катедралата.

Според првичните проценки на француски економисти од областа на градежништвото, донациите веќе ја надминуваат потребната сума за реновирање.

Среде бранот добра волја и великодушност, се појавија и луѓе кои излегоа со критики дека парите повеќе ќе користат ако се насочат во друга добротворна цел.

Памела Андерсон разочарана: Наместо за децата, собираа пари за Нотр Дам

Меѓутоа, оние кои собираат пари за обновата ги повикуваат луѓето да продолжат да донираат, со објаснување дека уште не може да се одреди точната цена на зафатите за обнова на оштетените делови на готската катедрала што веќе беше во процес на реновирање кога изби пожарот.

„Не може да им кажеме на луѓето да престанат да донираат бидејќи не знаеме колку ќе чини обновата“, рече Лоренс Леви од групата за француско наследство Fondation du Patrimoine.

Колку навистина ќе чини обновата на Нотр Дам?

Untec, националниот синдикат на француски економисти од областа на градежништвото, проценува дека обновата и реставрацијата на Нотр Дам ќе чини најмногу 600 милиони евра, без ДДВ.

„Жолтите елеци“: Сите ние сме катедрали!

Тукае пресметан трошокот за обезбедување на градбата со надворешно скеле, замена на покривот и рамката, ангажирање на мајстори каменорезачи и други експерти за деликатната реставрација.

Со оглед на тоа дека катедралата е во сопственост на државата, не може да биде исплатена отштета бидејќи државата е истовремено обесштетувачот. Дел од реликвиите и уметничките дела во катедралата беа осигурани, како и работниците кои работеа на реновирањето.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе