Нотр Дам две години подоцна: Причината за пожарот уште непозната, битно се снимаат серии

Франција и светот ужаснати гледаа вечерта на 15 април 2019 година како пожар ја зафати катедралата Нотр Дам во Париз, плашејќи се дека човештвото ќе ја изгуби засекогаш.

Се сруш кулата и голем дел од покривот беше уништен, но пожарникарите сепак успеаја да го зачуваат грандиозното средновековно здание.

Патот до реставрацијата, сепак, е долг и тежок и се очекува на градбата да  ѝ биде вратен стариот сјај дури во април 2024 година, пет години по пожарот.

Причината за пожарот сè уште не е утврдена, иако истражителите ја отфрлаат идејата дека бил предизвикан намерно. Истрагата се фокусира на краток спој или дури и на фрлен отпушок од цигара како можни причини.

Се подготвуваат најмалку две телевизиски драми и еден долгометражен филм за 15 април, така што кобната ноќ и трката за спасување на зградата стара 850 години ќе бидат јасно запишани во јавната меморија.

Францускиот претседател Емануел Макрон веднаш по пожарот утврди дека катедралата треба да се обнови за пет години, што значи дека може да биде отворена за посети кога Париз ќе биде домаќин на Летните олимписки игри во 2024 година.

„Ќе се вратиме во катедралата за богослужба во 2024 година. Но, имаме уште многу работа пред нас“, рече Жан-Луј Жоржелин, поранешен генерал, кого Макрон лично го назначи да го води санирањето.

Работата допрва треба да започне. Досега е завршено обезбедувањето на градбата, вклучително и макотрпно отстранување на 40.000 парчиња од скелиња калцифицирани во пожарот.

Ова треба да заврши до летово, така што вистинските реновирања ќе може да почнат на почетокот на следната година.

Целта е да се одржи првата целосна богослужба во возобновената катедрала на 15 април 2024 година, и покрај одложувањата заради пандемијата.

Причината за пожарот можеби никогаш нема да се знае

За реконструкцијата ќе помогнат скоро 833 милиони евра донации собрани на национално и меѓународно ниво веднаш по пожарот, иако само тоа можеби не е доволно за да се заврши.

Од таа сума, 70 милиони евра дојдоа од странство, половина од САД.

Илјада специјално избрани дабови трупци веќе се сушат за да се користат за обнова на кулата, која ќе биде изградена како што беше и покрај тоа што Макрон беше во искушение да ја модернизира.

Внатрешноста на катедралата денес е полна со скелиња опкружени со мрежи и церади и работници кои трчаат наоколу.

Заедно со стотици експерти кои работат на обезбедување и обнова на катедралата, се спроведува истрага за причините за пожарот. Таа фаза сега е завршена, па може да започне повеќемесечен процес на анализа на собраните докази, изјави извор близок на истрагата.

Неколку пропусти беа откриени во безбедноста на катедралата, пред сè во алармниот систем што значи дека пожарникарите биле известени доцна, како и во електрониката на еден лифт.

Интервјуирани се околу сто очевидци.

Иако најверојатно се случила несреќа, предизвикана можеби од краток спој или фрлен отпушок од цигара, големината на штетата го отежнува извлекувањето заклучоци.

„Како што стојат работите сега, не можеме да бидеме сигурни дека еден ден ќе можеме да кажеме што го предизвика пожарот“, предупреди извор кој сакаше да остане анонимен.

Среќен крај

Додека истражувачите се обидуваат да откријат што навистина се случило таа кобна ноќ, филмаџиите работат на филмска реконструкција на настанот.

Netflix подготвува минисерија во шест епизоди, снимена во соработка со пожарникарите во Париз, што ќе го покаже влијанието на пожарот врз различни луѓе низ Франција.

Се очекува и конкурентна серија на англиски јазик заснована врз големата истрага за пожарот што ја спроведе New York Times.

И францускиот режисер Жан-Жак Ано, кој го сними „Името на розата“, исто така започна со работа на игран филм што се очекува во 2022 година и ќе комбинира архивски снимки со драмски елементи.

„Тоа е исто како да раскажуваш приказна за жртва која умира и лекарите не доаѓаат... Фала му на Бога што има среќен крај“, рече тој.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Живот

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе