Пожарот во катедралата Нотр Дам во 2019 година му овозможи на истражувачот Максим Л'Еритје и другите колеги да пристапат до одредени области и делови од археолошкиот локалитет што некогаш биле скриени за да пронајдат бројни железни спојници користени во градежништвото.

Реставрацијата на Нотр Дам, по пожарот во 2019 година кој сериозно ја оштети катедралата, откри дека локацијата во Париз е „првата позната готска катедрала во која железото интензивно се користело како вистински градежен материјал за врзување на камењата во текот на нејзината изградба“, според на една неодамнешна студија спроведена од Универзитетот Пари 8 Венсан-Сен-Дени.
Рецензираната студија, објавена во списанието Plos One, вели дека шест железни споеви користени во изградбата на катедралата може да се датираат во XII и XIII век благодарение на „развојот на иновативна методологија заснована на датирање со радио јаглерод“.
Хемиските анализи на материјалот од страна на истражувачите откриваат дека тој потекнува од средновековно градилиште во Париз и сугерира дека железните сврзувачки елементи биле користени во најраните фази на процесот на изградба на Нотр Дам во 1160-тите.
Истражувањето е важно бидејќи може да обезбеди и поголем увид во трговијата и циркулацијата на железо во Париз од XII и XIII век.
Сепак, авторите на студијата забележаа дека се потребни повеќе анализи на примероци од железо на локацијата за да се прошири нивното истражување на пазарот на железо во француската престолнина.
Она што го знаат е дека многу железни спојници може да се коваат со спојување на парчиња железо пронајдени од различни извори на снабдување.