Фудбал

Нов дрес за „Старата дама“: Јувентус се збогува со црно-белите линии

23. април 2019 - 20:39 | А.С.

Прва асоцијација за Јувентус се традиционалните црно-бели тесни линии на дресот на торинскиот дрес.

Но, следната сезона веќе нема да го гледаме легендарниот дрес.

Порталот Footy Headlines, чија специјалност се фудбалски дресови, го покажа ексклузивно новиот дизајн на дресот на „Старата дама“ за новата сезона.

Наместо со препознатливите линии, следната сезона дресот ќе го видиме поделен на црна и бела половина, раздвоени со розова линија.

Јувентус последен пат употребија розова боја во дресот пред три сезони кога и гостинскиот дрес ги имаше истите бои.

Многумина веќе претпоставуваа дека отфрлањето на традиционалните црно-бели тесни линии ќе биде следен чекор по промената на клупскиот грб пред две години.

Коментирај