ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Нов формат на ЛШ од 2024: Нема веќе астрономски трансфери?

Шефот на Јувентус, Андреа Ањели, по денешниот состанок на здружението на европски фудбалски клубови потврди дека Лигата на шампиони драстично ќе се менува од 2024 година.

„Практично сите планови се финализирани и се очекува потврда за промената на форматот за неколку недели. Има само уште еден детаљ за кој нема консензус, но ќе биде постигнат договор и за тоа“, изјави Ањели пред новинарите .

Промените во системот на натпреварување во Лигата на шампиони беа напишани пред околу еден месец, но сега е сѐ поизвесно дека тие навистина ќе се случат. Така, од сезоната 2024/2025, Лигата на шампиони би се играла според систем сличен на кошаркарската Евролига.

Нема да има натпреварувања по групи, туку секоја од 36-те екипи во лигата ќе одигра десет натпревари според т.н. „swiss“ модел, односно клубовите, во зависност од соодносот што го имаат, би играле против клубови со ист или сличен сооднос. Паровите ќе се одредуваат со жрепка. По групната фаза, ќе се игра осминафинале, како што е случај сега, а во него ќе бидат вклучени осумте најдобро пласирани клубови и осумте победници во плеј-офот, во кои ќе има клубови од 9-то до 24-то место.

Најсилните европски сојузи би имале пет или шест претставници, а детаљот што го спомна Ањели е начинот на кој ќе се поделат преостанатите четири места. Најреална опција е две од овие четири места да бидат доделени на клубови според рангирањето на УЕФА, едно место би добило петтопласираната лига, а последното место следната лига според рангирањето на УЕФА која нема претставници.

Натпреварите би се играле во вторник и среда, а во календарот би имало четири четвртоци во кои исто така би се играле натпревари од Лигата на шампиони.

УЕФА на тој начин им излезе во пресрет на клубовите кои се заканија дека ќе се повлечат од УЕФА и ќе формираат своја сопствена „суперлига“, што би значело огромна загуба за Европската федерација.

Но, она за што досега не се дискутираше, а го спомна и Ањели, се промените во односот меѓу клубовите. Новинарите го прашаа Ањели дали се размислува за воведување „ограничување на платата“ во ваквата нова Лига на шампиони.

„Разгледуваме алтернативни решенија и едно е секако да ги спречиме клубовите во Лигата на шампиони да купуваат играчи едни од други. Веруваме дека ова ќе ја зголеми солидарноста и конкурентноста на клубовите. Значи, нема да има повеќе астрономски трансфери, што јас мислам дека е добро решение. Размислуваме за тоа“, рече Ањели.

Овој формат би се играл до 2033 година.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more
 

Спорт

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе