Нов гаф на Трамп: На Норвешка ѝ продава авиони од играта „Call of Duty“

По најновиот лапсус на американскиот претседател Доналд Трамп многумина се прашаа дали можеби тој обожава да игра видеоигри.

Трамп е познат по неговите лапсуси и несмасни изјави, како и дека нема баш најбогат речник. Најновиот гаф на контроверзниот американски лидер се случи на заедничката прес-конференција со норвешката премиерка Ерна Солберг кога ја најави соработката меѓу двете земји на воен и трговски план.

Трамп изјави дека САД почнале „да ги испорачуваат првите млазни борбени авиони F-52 и F-35“ на Норвешка.

Ако тоа не ви значи ништо, имајте на ум дека F-35 е вистински модел на американскиот „ловец“ што го произведува „Lockheed Martin“, а F-52 е борбен авион што постои само во видеоиграта „Call of Duty“.

Многу љубители на играта веднаш почнаа да се шегуваат на социјалните мрежи дека Трамп ѝ продал на Норвешка виртуелни авиони и дека лапсусот му се случил бидејќи цело слободно време го поминува во играње CoD.

Меѓутоа, причината за ваквата грешка, што никако не е оправдување, е дека САД продале 52 авиони F-35 на Норвешка, па претседателот најверојатно само погрешно ги прочитал документите што му ги дале.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе