Поставен е нов рекорд за најбрзо продаваната видео игра PlayStation, објави Sony Interactive Entertainment.
Се работи за играта Helldivers 2, која се продаде во неверојатни 12 милиони примероци во првите 12 недели. Ова го собори рекордот на брзина на продажба што долго време го држеше видеоиграта God of War Ragnarok.
Helldivers 2 е посебна поради уште една работа - таа е првата видеоигра која беше истовремено објавена и за PlayStation и за PC, а продажбата на верзијата наменета за играње на компјутери помина подобро.
Оваа видеоигра е седма најуспешна од кујната на Sony кога станува збор за приходите, но како што е забележано од веб-страницата HCL, резултатот од продадени 12 милиони примероци се броел до 5-ти мај.
Ова е важно бидејќи по тој датум играта беше отстранета од продажба на многу пазари каде што PlayStation Network (PSN) не беше поддржана. Можеби, значи, 12 милиони играчи навистина ја купиле играта, но прашање е колку од нив ја задржале.