Нов гигант на повидок: Се спојуваат Fiat Chrysler и Peugeot

Fiat Chrysler и Peugeot денеска соопштија дека ќе ги здружат силите преку размена на акции по основа на „фифти-фифти“ модел.

На тој начин ќе се формира нов гигант - четвртата по големина светска групација во секторот за производство на автомобили.

Управните одбори на двете компании им дале овластувања на своите тимови да ги финализираат преговорите и да донесат обврзувачки меморандум во наредните неколку недели, стои во заедничкото соопштение на двата автомобилски производители.

Претседателот на Fiat Chrysler Џон Елкан ќе претседава со здружената групација, а главниот извршен директор на Peugeot Карлос Таварес ќе биде генерален директор.

Договорот следи во време кога производителите на автомобили се соочуваат со глобален пад на побарувачката и настојуваат да развиваат технолошки понапредни, поеколошки модели на автомобили за да ги исполнат сѐ построгите прописи во борбата против загадување на воздухот.

Се проценува дека ова спојување, кога ќе биде завршено, ќе генерира синергија од 3,7 милијарди евра годишно, без затворање на погони, стои во соопштението.

Пред склучувањето на договорот, италијанско-американската корпорација Fiat Chrysler ќе им исплати специјална дивиденда од 5,5 милијарди долари на своите акционери и ќе додели акции во роботското одделение Comau.

Француски Peugeot на своите акционери ќе им подели 46% од акциите во фабриката за производство на автоделови.

Францускиот министер за финансии Бруно ле Мер го поздрави договорот и оцени дека со ваквиот потег автомобилските групации ќе ги обезбедат потребните минимални средства за вложување во еко технологии и за исполнување на барањата на индустријата.

Здружената групација, чие седиште ќе биде во Холандија, ќе има управен одбор од 11 членови.

Шест члена ќе бидат од Peugeot, вклучувајќи го главниот извршен директор Таварес, а меѓу останатите пет во Fiat Chrysler  ќе биде и Елкан.

Акциите на заедничката компанија ќе бидат листирани на берзите во Париз, Милано и Њујорк, објави Reuters.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе