Барселона на домашен терен со 3-1 го совлада Атлетик Билбао, и со вкупен резултат 4-3 се пласираше во четвртфиналето на Купот на Кралот. Каталонскиот клуб влезе во дуелот со еден гол заостанување бидејќи Билбао во првиот меч славеше со 2-1.
Натпреварот го отвори Суарез со одличниот 100-ти гол за Барса во сите натпреварувања, а потоа Нејмар од пенал постигна гол за водство од 2-0. Билбао се врати во 51 минута со гол што ги водеше во продолжение, но Лео Меси се потруди да не се случи тоа со новиот гол од слободен удар.
Ова е трет гол за Меси во 2017 година, а сите ги постигна од слободен удар. За него ова е шести натпревар по ред во дресот на Барселона, на кој постигнува барем еден гол, а ова е девети пат во кариерата да има низа од шест натпревари на кои постигнал барем еден гол.
B--A_3--1 by mediabh