Синот на Дејвид Бекам објави ново видео во својата кулинарска серија, овој пат подготви вегански лазањи и повторно разочара со своите вештини во кујната.

Откако го објави новото видео, обожавателите на Бруклин му порачаа дека направил рецепт што и децата ќе го научат на часовите по готвење (за разлика од кај нас, во многу западни земји во основните училишта има предмет готвење).
Новото видео го сподели на својот Instagram, на кое се снимил како сечка кромид, модар патлиџан и потоа сето тоа го додава во тенџере заедно со кесичка растителна алтернатива за месо и подготвен сос од домати.
Бруклин даде сѐ од себе за да започне готвачка кариера, но обожавателите тврдат дека неговото ново јадење е многу лесно и дека неговата изведба не е најдобра.
Останува нејасно дали претходно сам го направил сосот, бидејќи тоа не е прикажано во видеото, туку само го додава во мешавината.
Неговите нови кулинарски неуспеси беа критикувани од следбениците кои рекоа дека јадењето е едноставно и дека има грешки при подготовката.
„Основно јадење“, „Следната недела Бруклин ќе прави медалјони од пилешко во форма на диносауруси“, „А зачини?“, „Каде е бешамелот?“, „Многу лошо според мене. Веќе направен сос од домати и без бешамел Ниту ти не изгледаш како да уживаш правејќи го тоа“, „Ова не е лазања. Тоа е слоевит распоред на тестенини и зеленчук во сос од домати“, „Најди вистинска работа“, „Тестото оди на дното“, се само дел од коментарите на разочараните следбеници на најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам.
Кога станува забор за зачините, Бруклин дополни во коментар „додадов зачини, само заборавив да го снимам тоа“.
Претходно беше страшно исмеван и критикуван кога се снимаше како подготвува домашна пица.