Нов испад на Блок 1 на РЕК Битола заради проблеми во системот на МЕПСО

Блок 1 на РЕК Битола околу 12 часот прекина со работа заради испад на 110 киловолтен далновод на АД МЕПСО.

Редовното и нормално функционирање на Блок 1 беше прекинато бидејќи во критичниот момент постројката не можеше да ја испорача произведената електрична енергија кон македонскиот електроенергетски систем, по што согласно сигурносните протоколи блокот беше исклучен, велат надлежните.

Според известувањето, прекинот во снабдувањето со електрична енергија во неколку населби во Битола во истиот период кога без напон остана и Блок 1 на РЕК Битола се должи на истиот проблем, предизвикан од далеководот на МЕПСО и нема никаква поврзаност со работата на комбинатот.

Паралелно, како што додаваaт, без проблеми се одвива производството на електрична енергија од Блок 2 на РЕК Битола бидејќи постројката е поврзана со електропреносниот систем на АД МЕПСО преку друг, 400 киловолтен далновод. На Блок 3 во тек се ремонтни активности.

Денешниот испад на Блок 1 на РЕК Битола заради проблеми во преносната мрежа на АД МЕПСО е трет во период од 40-ина дена. Стручни лица од РЕК Битола работат на надминување на состојбата и повторно ставање во функција на Блок 1.

реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Македонија

Сончево и потопло време: максималната температура до 21 степен

Read more

Бензинот поевтинува за 1,5 денар, дизелот за 2,5 денари, рече Мицкоски

Read more

УХМР: Локален дожд претпладне и температури до 16°C

Read more

Земјотрес од 3,1 според Рихтер регистриран во Делчево и Берово

Read more
 

Вести

САД уништија голем дел од иранската морнарица, но не и клучната: Таа и понатаму го контролира Ормускиот Проток

Читај повеќе

Иран уапси 50 лица поради шпионажа за САД и Израел

Читај повеќе

Ирански медиуми: САД бараа сè што не можеа да добијат преку војна

Читај повеќе

Започнаа изборите што би можеле да ја потресат цела Европа

Читај повеќе

Велигденското примирје пропадна: Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за напади

Читај повеќе

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Читај повеќе

Пакистан: Ќе продолжиме да посредуваме

Читај повеќе
  • play_arrow

Венс: Не е постигнат договор, тие не сакаат да се откажат од нуклеарното оружје

Читај повеќе

Иран: Барањата на Американците се неразумни, не брзаме никаде

Читај повеќе