Се сеќавате на Лорис Кариус и неговото незаборавно финале во Лигата на шампионите од 2018? Германецот и натаму „брилјира“.
Кариус веќе втора сезона настапува за турски Бешикташ како позајмен играч, но и таму го продолжи она шо најдобро знае и умее да го прави, да киксира. Ова не е негов прв киск во Бешикташ, едноставно е најтазе, од вчера.
Овој пат кумуваше на поразот на својот тим пред сопствените гледачи од Сиваспор. Уште во 7-мата минута од раце го испушти слободниот удар на Ердоан Јешилјурт и им донесе водсво на гостите.
Потоа неговиот тим играмни преку Адем Љајиќ, но Сиваспор постигна победнички гол преку Мустафа Јатабаре.
Тимот на Сиваспор и натаму е лидер во турското првенство со 40 бодови, додека Бешикташ е 7-ми со 10 бодови помалку.