УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Нов ЛШ пех на Роналдо: Порто го исфрли Јувентус

Четврта сезона со ред Јувентус не успева да го оствари планираното во најдоброто европско клупско натпреварување откако синоќа доживеа елиминација од португалскиот шампион Порто.

Уште една сезона во Лигата на шампионите заврши лошо и прерано за Јувентус. Откако пред три недели Порто славеше со 2:1 на домашен терен, синоќа на гости во Торино уште во 19-тата минута најави дека „Старата дама“ ќе се соочи со елиминација.

Турскиот бек Мерих Демирал, кој годнава е стандарден во последната линија на Јуве, го сруши Колумбиецот Матеус Урибе во казнениот простор и гостите добија удар од белата точка. Сигурен реализатор беше Сержиу Оливејра кој го испрати Војчех Шченсни на спротивната страна.

На полувреме Порто замина со водство, а Јувентус брзо се врати во игра четири минути по паузата кога Кристијано Роналдо му смири една топка на Федерико Кјеза, а овој од прва ја затресе гостинската мрежа. Потоа се случи пех за гостите кога иранскиот напаѓач Мехди Тареми за само две минути собра два жолти картони и од 54-тата минута Порто остана со играч помалку.

Јуве брзо ја искористи играчката предност и во 63. минута Хуан Куадрадо со одлично нафрлување му сервираше на Кјеза гол со глава за пресврт и 2:1 за Јуве.

Сепак, Јувентус до крајот на натпреварот не постигна нов гол, па бидејќи победи со идентични 2:1 како и Порто на првиот натпревар, се замина во продолженија.

И таму Јуве се мачеше да дојде до гол, а во 115-тата минута Оливејра со својот втор гол ги шокираше домаќините погодувајќи од слободен удар, по земја, од околу триесетина метри. Голот оди на душа на полскиот голман кој несмасно интервенираше.

Јуве веднаш успеа да го врати водството, само две минути подоцна преку Адриен Рабјо, но касно беше за уште еден, па се соочи со елиминација.

Така, втора сезона по ред Кристијано Роналдо и дружината застануваат во осминафиналето. Лани беше Лион, сега Порто и повторно поради гол на гости.

Јуве брка финале од 2017 кога со 4:1 беше прегазен од Реал Мадрид и тогаш Кристијано Роналдо, кој летото 2018 премина во Јуве. А, пак, на пехарот чена од 1996 година кога на пенали го совлада Ајакс и го освои само вториот во својата историја.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе