Нов опасен предизвик на TikTok: Лај му на кучето

На глупостоите кои луѓето ги прават на социјалната мрежа TikTok само за некој преглед повеќе на своите видеа - им нема крај. Сега почнаа да ги малтретираат и сопствените миленици.

Предизвикот на TikTok кој вклучува кучиња стана многу популарен, но експертите предупредуваат дека може да биде и многу опасен.

Предизвикот се состои во тоа што сопствениците се приближуваат до своето куче и гласно лаат на него.

Кучињата различно реагираат, некои лаат, некои се кријат, а некои почнуваат да ржат.

@adrianchateau bruh this shit has me WHEEZING #fyp ♬ original sound - Savyy

Експертката за однесување на животните, Кејти Скот-Дајер, предупреди на опасностите од овој тренд.

„Ве молам, не го пробувајте овој предизвик без разлика колку е добродушно вашето куче. Опасно е затоа што кучињата многу добро знаат дека ние не сме кучиња и не правиме такви звуци, особено не во нивниот личен простор“, таа изјави за британски Mirror.

Додава дека со овој потег ризикувате да ја изгубите довербата на кучето, а доколку во близина вашето дете може да биде сериозно повредено во такви моменти.

„Сопствениците треба да знаат како да го читаат говорот на телото на нивното куче за да можат да препознаат кога нивниот миленик е напнат и треба да му се помогне да се чувствува безбедно“, заклучи таа.

Тагови
реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе