Нов расистички инцидент во Италија, мета е Дуван Запата

Нов голем расистички скандал ја тресе Италија откако обезбедувањето не сакало да го пушти напаѓачот на Аталанта Дуван Запата во банката каде има сметка и каде имал закажан термин, пишува Gazzetta dello Sport.

Запата се обидел да влезе во зградата на Fideuram, приватна банка во Бергамо каде што имал состанок со својот личен финансиски советник.

Обезбедувањето го запрело кога стигнал до вратата и не го пуштило да влезе во банката, а наводно бил запрен затоа што носел тренерки и качулка и им бил многу сомнителен.

URL

Италијанските медиуми пишуваат дека од обезбедувањето наводно му рекле дека „ова не е местото за него“, додека Запата останал смирен и се обидел да го докаже својот идентитет на обезбедувањето.

Сè смирил вработен во банка, кој излетал и на службениците од обезбедувањето им кажал дека напаѓачот на Аталанта е редовен клиент на банката.

Банката соопшти дека обезбедувањето е надворешно, а не она на платниот список на самата институција.

Да потсетиме, неодамна одбојкарката Паола Егона низ солзи се закани дека ќе ја напушти италијанската репрезентација откако на социјалните мрежи беше навредувана на расна основа и беше истакнувано дека „не е ни Италијанка“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе