Нов рекорден промет на Alibaba од 56 милијарди долари

Кинеската компанија Alibaba постави нов рекорд во продажба на стоки преку интернет во вредност од 56 милијарди американски долари за време на годинашниот празничен шопинг, Денот на самци, но тој подвиг беше засенет од падот на акциите на компанијата за 8,0 проценти предизвикан од предложените кинески антимонополски регулативи.

Денот на самци е традиционален 24-часовен трговски настан во Кина кога продавачите нудат десетици милиони производи со огромни попусти на платформите за е-трговија управувани од Alibaba, JD.com и други. Кинескиот празничен шопинг има поголем промет од Black Friday и Cyber Monday во САД заедно, пренесува СNBC.

Оваа година онлајн трговците JD.com и Аlibaba го продолжија шопинг празникот кој почна на 1 ноември и ќе трае до 12 ноември до полноќ.

Аlibaba соопшти дека бруто вредноста на стоките (ГМВ), бројка што ја покажува вкупната вредност на нарачките преку платформите за онлајн купување на Аlibaba, надминала 372,3 милијарди јуани (56,42 милијарди долари) до пладне по пекиншко време. Таа сума ја вклучува вкупната вредност на нарачките од почетокот на настанот на 1 ноември.

Оваа сума е значително поголема од 268,4 милијарди јуани ГМВ, што Аlibaba ги регистрира минатата година за време на 24-часовното тргување на Денот на самците. 

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе