ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2025

Нов шокантен трејд: Фокс кај Вемби во Спарс, ЛаВин отиде во Сакраменто

Прашината во НБА сѐ уште не стивнува по заминувањето на Лука Дончиќ од Далас Маверикс, а ден по оваа драма најголемата кошаркарска сцена во светот ја тресе уште еден голем трејд. Диерон Фокс замина од Сакраменто Кингс во Сан Антонио Спарс, додека во трејд пакет со три тима, кошаркарот на Чикаго Булс, Зек ЛаВин, заврши кај Кингс.

Тоа значи дека потенцијалната замена за Мајкл Портер дефинитивно нема да се пресели во Денвер оваа зима, па франшизата од Колорадо ќе мора да се сврти кон други решенија, но, да се вратиме на темата...

Трејдот со три тима што ги вклучи Сан Антонио, Чикаго и Сакраменто беше доста обемен. Покрај Фокс, Спарс го добија и Џордан МекЛафлин, додека, од друга страна, Кингс тргуваа и за Сидни Сисоко, како и еден куп пикови од првиот и вториот круг. Што се однесува до Чикаго, тие ги добија Зак Колинс, Треј Џонс и Кевин Хертер. Така, на крајот, 13 играчи беа замешани во овој трејд.

Со ова Сан Антонио доби ол-стар плејмејкер кој заедно со Виктор Вембанјама ќе ја претставува иднината на Спарс. И двајцата се млади и талентирани кошаркари, а бројките на Фокс сезонава покажуваат колку е сигурен играч, со просек од 25 поени, 5 скокови и 6 асистенции по натпревар.

Исто така, „Кралевите“ не се снајдоа лошо во овој трејд, бидејќи покрај ЛаВин, момче со 25 поени во рацете, добија и многу играчи кои ќе бидат гаранција за во иднина, поточно по 3 пика во првото и второто коло. 

Единствениот сомнеж остана кај Булс...

Новите засилувања не се од калибарот на играчи кои многу ќе им помогнат во плеј-офот, но барем се ослободија од дебелиот договор на ЛаВин, според кој до летото 2027 година ќе добиваше околу 45 милиони по сезона.

реклама

Кошарка

Дончиќ постигна 35 поени во победата на Лејкерс, Букер блескаше во триумфот на Санс

Read more

Како реагираше Јокиќ откако го удри Дончиќ?

Read more

Леброн сруши рекорд за кој многумина мислеа дека никогаш нема да биде срушен

Read more

Македонските кошаркари паднаа две места на ранг-листата на ФИБА

Read more
 

Спорт

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Хет-трикот на Валверде е историски од повеќе причини

Читај повеќе

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Читај повеќе

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Читај повеќе

ЛШ продолжува вечерва, апсолутното дерби на осминафиналето е пред нас

Читај повеќе

Инфантино: Трамп ми рече дека Иран е добредојден на Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Срамен потег на Тудор: Му ја уништи кариерата на Кински?

Читај повеќе

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Читај повеќе