Актуелниот ракометен европски првак продолжи со промените во стручниот штаб, овојпат менувајќи го тренерот на првиот тим. По Раул Гонзалес и Роберто Парондо, уште еден Шпанец ќе седне на клупата на РК Вардар.
Се работи за Давид Писонерo, досегашниот тренер на екипата на Ваљадолид, со кого сезонава го освои седмото место во шпанската АСОБАЛ лига.
Освојувањето на Лигата на шампиони, втора во три сезони, го врати РК Вардар на врвот на ракометна Европа, што им помогна при изборот на тренер за наредната сезона. Давид Писонеро доаѓа од шпанската прва лига, поточно од тимот на Ваљадолид и ќе го наследи Роберто Парондо, кој го предводеше Вардар до титула во домашната лига и Лигата на шампионите.
Писонеро потпиша двегодишен договор со скопскиот клуб.