Земјотрес со јачина од 5.9 степени по скалата на Рихтер бил забележан кај западниот брег на Мексико, соопшти Пацифичкиот центар за предупредувања од цунами на Хаваите, пренесува Ројтерс.
Епицентарот на овој потрес бил на 99 километри јужно и југозападно од градот Тонале, во мексиканската сојузна држава Чијапас.
Престолнината Мексико Сити во вторникот беше погодена од земјотрес со јачина од 7,1 единици по Рихтеровата скала која комплетно уништи десетина згради и уби 307 луѓе.
Вчера од Геолошкиот завод беше регистриран уште еден земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер во мексиканската сојузна држава Вахака.