Нов сингл на Љубојна  - „Љубов по Татунчо“ за македонскиот филм „Стела“

Македонската етно музичка група Љубојна го објави најновиот сингл насловен „Љубов по Татунчо“.

Песната е дел од музиката за македонскиот игран филм „Стела“ на режисерот Стојан Вујичиќ чија премиера закажана за во март беше одложена поради корона кризата.

Композитор и аранжер на „Љубов по Татунчо“ е Оливер Јосифовски, а текстот инспириран од „Татунчо“ на Кочо Рацин е на вокалистата Вера Јосифовска.

Спотот за новиот сингл е снимен во продукција на Dream Factory Macedonia и TulipPro, а музиката во Студио Подрумот.

Објавувањето на новиот сингл е воедно и најава за новиот албум на Љубојна со целосната музика од филмот „Стела“.

Remote video URL

Групата „Љубојна“ постои речиси 20 години и зад себе има бројни домашни и интернационални концерти, вклучувајќи ги и оние во Кина и во Њујорк. Во 2016 година групата беше прогласена за „супербренд“. На почетокот на 2017 година излезе деветтиот албум на групата со наслов „Радио Љубојна“, снимен во Студио Подрумот. На албумот, продуциран од Оливер Јосифовски, се наоѓаат осум песни, меѓу кои и: „Кратово виа Бразил“, „Галичник виа Њујорк“, Многу ми го фалат вашето девојче“, „Стани да не станиш“. На 23 февруари 2017 година, групата одржа концерт во Домот на синдикатите во Белград, на којшто го претстави деветтиот албум „Радио Љубојна“. Како гости на концертот настапија Влатко Стефановски, Васил Хаџиманов и Џамбо Агушев.

Стојан Вујичиќ е еден од водечките македонски режисери, чиј опус вклучува бројни кратки играни и документарни филмови, и телевизиски проекти. Познат е по филмовите „Брат за еден ден“, „Допир“ и „Годините го чинат своето“, прикажувани и наградени на престижни филмски фестивали.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

МК сцена

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Read more

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Read more
 

Сцена

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе