Нов скандал го тресе Холивуд: Актерот Арми Хамер обвинет дека е канибал и садист

Холивудскиот актер Арми Хамер е обвинет дека е канибал и садист откако во јавност излегоа низа пораки кои наводно ги испраќал на неколку жени. Иако пораките не се верификувани, жените кои ги објавија пораките споделија и приватни фотографии кои наводно им ги пратил актерот, пренесе Daily Mail.

Дури и поранешната сопруга на Арми е „шокирана“ од наводните пораки на актерот, во кои тој со други жени дискутира за БДСМ, канибализам и фантазии за силување.

Хамер стана главна тема на Twitter по серијата објавени експлицитни пораки на Instagram, кои наводно ги испратил на некоја жена, а се објавени анонимно од сега веќе приватниот профил House of Effie.

House of Effie е Instagram страница со над 25.000 следбеници, а на 10 јануари оваа страница сподели фотографии од наводни директни пораки меѓу непозната личност и профил кој изгледа дека му припаѓа на Арми. Во шокантните пораки, за кои корисници на Twitter тврдат дека  најверојатно се лажни, Арни наводно вели дека е 100 % канибал.

„Јас сум 100 проценти канибал. Сакам да те изедам“, гласи една од пораките. Во друга размена, вели: „Морам да испијам твојата крв“.

Во некои пораки кон жената се обраќа како на робинка и вели дека „сака да ѝ исече прст од нозете“, но изразува и желба за доминација над неа.

„Ти живееш само за да ми се покориш и да бидеш мој робинка. Би ти исекол ножен прст и би го чувал во џеб, така секогаш ќе имам дел од тебе“, пишува во една од пораките.

Засега, Арми се нема обратено во јавност по повод овие контроверзни коментари. Наводните пораки на 34-годишниот актер не се верификувани, но негативните реакции не стивнуваат.

Тој исто така на жената ѝ испратил негова фотографија во која раката му е околу вратот. Не е првпат Арми да се соочи со слични обвинувања, во 2017 година медиумите пишуваа за него откако лајкнал неколку твитови за БДСМ и поинакви аспекти на сексот.

Арми Хамер има глумено во низа хитови како „The Social Network“, „Call me by Your Name“, „Rebecca“ и други.

URL
реклама

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Read more

Филм & ТВ

Големи промени на Netflix: AI ќе ви помага да пронајдете филмови и серии

Read more

Поткастите влегуваат во конкуренција за Златен глобус

Read more

Netflix објави тизер за последната сезона на Squid Game

Read more

Николас Кејџ за драматичното снимање на The Surfer: Можев да загинам

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Големи промени на Netflix: AI ќе ви помага да пронајдете филмови и серии

Читај повеќе

Поткастите влегуваат во конкуренција за Златен глобус

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв акустичен концерт на Д.Н.О. по 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави тизер за последната сезона на Squid Game

Читај повеќе

Мадона позираше со 38 години помладиот нов дечко

Читај повеќе
  • play_arrow

Николас Кејџ за драматичното снимање на The Surfer: Можев да загинам

Читај повеќе

Царините на Трамп ги стигнаа и американските филмаџии

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Лејди Гага го турна рекордот на Мадона со историски концерт на Копакабана

Читај повеќе