Рим, 21 февруари 2020 (МИА) – Италијански државјанин е позитивен на медицински анализи за новиот корона вирус.
Мажот на возраст од 38 години бил примен во болница во Кодоњо, град во Ломбардија. Тој поминува дополнителни лекарски тестови, пренесуваат локалните медиуми.
Тоа ќе биде четврти случај потврден во Италија, откако двајца кинески туристи и друг Италијанец беа позитивни на анализите за вирусот.