СОС ДЕТСКО СЕЛО И НЕПТУН НАВИВААТ ЗАЕДНО ВО НЕДЕЛА

Нов стратешки партнер во семејството на СОС Детско село

Во рамките на партнерствата на СОС Детско село со корпоративниот сектор, се реализира нова соработка - долгорочно стратешко партнерство со компанијата „Нептун“ Македонија. Двете организации ќе соработуваат во реализација на активности од областа на Општествена одговорност, при што СОС Детско сели ќе биде клучен партнер на „Нептун“ Македонија за остварување на нивните ИМПАКТ цели преку реализација на активности во областа на децата  и младите од ранливите категории.

Како почеток на оваа соработка „Нептун“ Македонија организира едиствена можност и децата и младите од СОС Детско село да можат да ја доживеат еуфоријата од историскиот пласман на нашата држава на Европско првенство и да можат на вистински начин да ја бодрат нашата репрезентација и да ги запознаат најмоќните фудбалски репрезентации.

На 13 јуни во кругот на локацијата на СОС Детско село вработените од „Нептун“ Македонија заедно со децата, младинците и нивните згрижувачи и ментори ќе го гледаат првиот историски натпревар на македонската репрезентација против Австрија на Европско првенство. 

Од страна на „Нептун“ Македонија обезбедени се сите аудио и визуелни услови за гледање на овој натпревар во надворешни услови во пријатна атмосфера со обезбедени реквизити за навивање, а заеднички ќе се погрижиме да бидат следени сите мерки и протоколи за безбедност.

За оваа заедничка соработка генералниот директор на „Нептун“ Македонија, Горан Цветинов, изјави: 

„Општествената одговорност на нашата компанија отекогаш била дел од стратешкото планирање и секоја година ја дополнуваме со нови иницијативи за придонес кон општеството од кое сме дел, во кое работиме и се развиваме. Иницијативата за поддршка кон СОС Детско село нè инспирираше за креирање соработка низ која ќе можеме да ги вклучиме и нашите вработени, и тие да бидат дел од компаниската гордост. Тим билдинзи, волонтерски активности со вработените на „Нептун“ и програми на СОС Детско село, обуки за стручни знаења во областа на сервисирање на бела техника и продажба, се само дел од агендата. За нас ова е од големо значење, особено во оваа година во која поради негативните ефекти од светската пандемија сите ние и како индивидуи и како компании треба да ја покажеме солидарноста и емпатијата кон најранливите – децата. Активностите ги започнуваме со следење на првиот натпревар на македонската репрезентација на теренот во СОС Детско село со дел од вработените на „Нептун“, вработените на СОС Детско село и децата. Домашната атмосфера ќе ја пренесеме во амбиентот на СОС Детско село и очекуваме сета таа позитивна енергија да донесе среќа и за нашата репрезентација.

За значењето од дологорочни партнерства за СОС Детско село изјави националната директорка Јулијана Накова Гапо:

„Ова партнерство има големо значење за СОС Детско село, бидејќи долгорочната соработка со „Нептун“ ќе придонесе за стабилност и континуитет на работата за задржување на децата во своите биолошки семејства, за топол дом и љубов за секое дете и младинец од СОС Детско село и за осамостојување на младите во социјален ризик“.

Покануваме новинар и камерман на 13 јуни 15 минути пред почетокот на фудбалскиот натпреват и тоа во 17 часот и 45 минути во СОС Детско село за подготовка на прилог за овој настан.

Секој заинтересиран новинар замолуваме првенствено да се најави на контакт лицето (Рахела Евтимова rahela.evtimova@sos.org.mk) за да се спреми водич за посетители во СОС Детско село и да се добие акредитив и насоки за снимање во организацијата.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Read more

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Read more

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Read more
 

Вести

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе