Нов трејлер за The Circle: Присуството на интернет е најважно од сè
Објавен е нов трејлер за трилерот The Circle со Ема Вотсон и Том Хенкс во главните улоги.
Дејството во филмот базиран на истоимениот меѓународен бестселер е сместено во блиската иднина во која страшните последици од технологијата ќе се судрат со желбата да се биде слушнат, во свет во кој присуството на интернет е најважно од сè. Покрај Вотсон и Хенкс, во филмот играат и Елар Колтрејн, Бил Пакстон, карен Гилан, Патон Освалд и Џон Бојега.