Нов трејлер за „Deadpool 2“
Пристигна нов трејлер за продолжението на боксофис хитот од 2016 година, „Deadpool“. Рајан Рејнолдс се враќа во улогата на зборливиот антихерој Дедпул, заедно со Морена Бакарин во улогата на Ванеса.
Она што го очекуваат фановите на стриповите „Deadpool“ е појавувањето на еден од најмоќните стрип-негативци, Кејбл. Во улогата на Кејбл ќе се појави Џош Бролин, кого успеавме барем за кратко да го видиме во краткиот тизер објавен пред неколку месеци.
„Deadpool 2“ доаѓа во киносалите на 18 мај оваа година, а режисер на филмот е Дејвид Лич, познат по филмот „Atomic Blonde“.