Нов трејлер за „Fahrenheit 451“
Оригиналниот филм на HBO базиран на книгата на Реј Бредбури треба да ја доживее својата премиера наредниот месец, а како загревање беше понуден уште еден трејлер кој подобро го опишува светот во кој се одвива дејството.
Дејството се случува во свет во кој книгите се забранети и властите имаат посебни гарди, наречени „палачи“, чија задача е да ги запалат сите книги кои ќе им се најдат на патот.
Во главните улоги се појавуваат Мајкл Б. Џордан („Black Panther“) и Мајкл Шенон („Man of Steel“). Премиерата на филмот е на 19 мај.