Нов трејлер за филмот на Стивен Спилберг, „Ready Player One“
Откако го добивме првиот трејлер за долгоочекуваната филмска адаптација на книгата „Ready Player One“ на San Diego Comic Con порано во годинава, сега доаѓа нов трејлер кој ни покажува уште поголем дел од светот во филмот на Стивен Спилберг.
Базиран на книгата на Ерни Клајн, „Ready Player One“ е сместен во дистопија каде сите луѓе поминуваат голем дел од времето во систем на виртуелна реалност, наречен OASIS. Во филмот можат да се сретнат многу поп-културни референци од 80-те.
Во главната улога се појавува Тај Шеридан, а премиерата на филмот е закажана за 30 март 2018 година.