Нов трејлер за финалето на серијата „Sense8“
Филмското финале на серијата „Sense8“ доаѓа на 8 јуни, а Netflix го објави и трејлерот за него. Двочасовната епизода ќе послужи за да ги награди фановите за последен пат, бидејќи серијата нема да добие нова сезона.
Психичките емпати со „супермоќи“ да можат да постојат истовремено во неколку тела се враќаат за еден, последен пат на Netflix, а трејлерот ветува емотивна и напната завршница на приказната.