Нов трејлер за „Godzilla: King of the Monsters“
Откако во декември го добивме вториот трејлер, во кој имавме шанса да ја видиме Мили Боби Браун („Stranger Things“) во ново светло, новиот трејлер за „Godzilla: King of the Monsters“ ни дава поширок поглед кон чудовиштето, светот и визуелните убавини во новото продолжение во сагата за Годзила.
Краткото едноминутно видео силно потсетува на „Godzilla“ и „Kong: Skull Island“ – два филма од истото студио, кои доживеаја голем критички успех, но беа и добро прифатени од публиката.
Филмот е во режија на Мајкл Доерти, а во него се појавуваат Кајл Чендлер, Вера Фармига, Сели Хокинс, Чарлс Денс, Кен Ватанабе и секако, Мили Боби Браун. Премиерата е закажана за 31 мај 2019 година.