Нов трејлер за „Ready Player One“
Студиото Warner Bros. реши да промовира уште еден, (веројатно) последен трејлер за новиот филм на Стивен Спилберг, „Ready Player One“, кој светската премиера ја има закажано за 30 март оваа година.
Новиот трејлер нѐ воведува дополнително во светот на „Ready Player One“, а таму има изобилство од сетови за виртуелна реалност (VR).
„Ова е место каде границите на реалноста се во вашата фантазија“, вели Вејд Вотс (Тај Шеридан) во филмот.
Дејството е сместено во 2045 година, во идна дистопија каде сите познати лиценцирани франшизи од игри и филмови оживуваат во светот околу главните ликови.