Нов тренд полека ја заменува порнографијата: Аудио еротика

Генерацијата Z е позната по тоа што ги прави работите поинаку од постарите генерации, а тоа очигледно ја вклучува и порнографијата. Но, наместо да гледа секси видеа, се чини дека помладата генерација претпочита да слуша - а особено жените. Имено, тие сега најмногу слушаат аудио еротика.

Трендот на аудио порнографија започна за време на карантинот, а сега го прифатија и помладите дами. Експертите велат дека тоа им дава посебно искуство во целото тело кое ѝ овозможува на нивната имагинација да „полуди“ додека се прилагодуваат на физичкото задоволство.

„Интересот за аудио порнографија ни овозможи да го следиме нашиот природен интерес за секс заради возбуда“, вели Ана Ричардс, основачка и извршен директор на Frolicme.com.

Таа тврди дека е вкоренето кај луѓето да сакаат да консумираат сексуална содржина, но дека начинот на кој пристапуваме до неа се менува; при што мозокот е најголемиот полов орган.

Ана вели дека генерацијата Z може да пристапи до аудио порнографија со само неколку кликови.

„Паметните телефони ни овозможуваат едноставно и многу достапно слушање на такви невизуелни опции, поврзувајќи фантастични визии директно со нашиот мозок“, коментира таа.

Тврди дека во првите шест недели по карантинот во март 2020 година, забележано е зголемување од 48% на бројот на аудио порнографски приказни што се слушаат на нејзината веб-страница, при што 61% од корисниците се жени.

Друга старт-ап компанија, исто така управувана од жена, наречена Dipsea, е исто така многу популарна во моментов. Апликацијата е полна со кратки приказни кои се движат од 5 до 20 минути.

Оваа компанија беше лансирана за време на карантинот како начин да се „фокусираат жените на нивните тела преку воден сексуален звук“.

Ко-основачот на Dipsee, Џина Гутиерес изјави за Vogue дека „сексуалноста“ треба да биде во иста категорија на благосостојба како „вежбање и медитација“ за да се разбудат сите сетила.

„Аудио еротиката ви дава можност да почувствувате нешто посензуално“, вели таа. Ана, од друга страна, коментира дека аудио еротиката помага да се отстранат проблемите околу масовно произведената екстремна порнографија.

„Често поставуваните прашања за согласност, експлоатација и насилство не преовладуваат во аудио порнографијата, со што на слушателот му се обезбедува безбедно засолниште за сексуално истражување“, заклучи таа, пренесува Daily Star.

Тагови
реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе