Се сеќава ли некој на формулите од Физика? Сигурно се сеќавате како сте се препотувале пред тест бидејќи колку и да сте учеле секогаш сте ја заборавиале токму таа со најмногу бодови.

Млада блогерка за која се верува дека е од Британија се пофали со нејзиниот генијален план за препишување на Reddit. Taa одлучила дека мора да положи и се решила да препишува.
Младата девојка испечатила формули и ги залепила на внатрешниот дел од ноктите, положила и среќна се пофалила на интернет. Дел од интернет популацијата не го охрабрила овој потег, а дел и аплаудирал на идејата иако сметале дека полесно ќе и било да ги научи формулите отколку да ги средува ноктите.