Фит

Нов трик за слабеење: Путер во утринското кафе

10. јануари 2018 - 12:49 | А.С.

Можеби ви звучи чудно, за некого можеби и гадливо, но експертите за велнес и здрав живот имаат само пофални зборови за ова путер-кафе.

Ако барате нови начини да пиете кафе на поздрав начин, ставање лажица путер во шолјата со кафе сигурно не ви е првата идеја. Меѓутоа, многумина тврдат дека покрај тоа што е здраво, ваквото кафе всушност и помага во слабеење.

Ова е целосниот рецепт: Две лажички чисто кафе, лажичка растителен путер и една лажичка палмино или кокосово масло. Помешајте и voilà: имате појадок.

Растителниот путер содржи омега-3 масни киселни што помагаат против воспалителни процеси во системот за варење и даваат енергија, а за поволното дејство на кокосовото масло прочитајте ТУКА.

Овој пијалак ќе ви даде енергија и хранливи состојки, а исто така ќе го поттикне телото да гори калории. Ова не значи дека треба целосно да се потпрете на путер-кафето и да ја занемарите здравата исхрана. Путер-кафето не е замена за целосен оброк, особено не за секој ден во неделата.

Коментирај