Нов успех на НАСА: OSIRIS-REx собра примероци од астероидот Бену

Новата мисија на НАСА успешно ја заврши првата фаза од операцијата, откако сондата OSIRIS-Rex се спушти на астероидот за да собере примероци од неговата површина.

Примероците се земени со помош на „ механичка рака“ (Touch-And-Go Sample Acquisition Mechanism arm), а потоа се складирани во посебна капсула. Со помош на камерите е откриено дека дел од примероците почнале да се разлеваат надвор, па затоа НАСА испрати команда на леталото што побрзо да ја затвори капсулата и тоа е успешно направено.

Примероците сега се наоѓаат во безбедно запечатен контејнер кој на Земјата ќе пристигне во 2023 година, што значи дека ни преостанува долго патување низ вселената.

Шефот на НАСА Џим Брајдстајн се пофали за досегашниот успех на мисијата и рече дека овие примероци ќе ни помогнат да осознаеме многу повеќе работи за себе и за вселената, што е и целта на овие истражувања.

Моментално, OSIRIS-Rex се наоѓа 330 милиони километри од Земјата. Фокусот на мисијата е враќањето на примероците на Земјата, со што почнува фазата Earth Return Cruise.

Тагови
реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе