Нов вирус краде Facebook лозинки преку Google Play Store апликации

Експерти за дигитална безбедност открија нов вид штетен софтвер наречен GhostTeam во најмалку 56 апликации достапни преку Google Play Store.

GhostTeam е наменет за крадење на корисничките имиња и лозинки на Facebook, а истовремено агресивно го затрупува корисникот со реклами со поп-ап прозорци.

Овој штетен софтвер се крие во апликации за батериска ламба, компас, скенер на QR кодови, апликации за чистење на смартфонот, за преземање видеоснимки и други апликации за забава.

Како што најчесто е случајот, самите апликации не го содржат штетниот компјутерски код, па затоа добиле дозвола да бидат внесени во каталогот на Google Play Store.

Меѓутоа, откако ќе ги инсталирате, прво проверуваат дали уредот е емулатор или виртуелна средина, а потоа го преземаат GhostTeam кој од корисникот бара одобрување за пристап со администраторски овластувања.

Овој штетен софтвер собира податоци за уредот во кој се наоѓа, неговата локација, јазик, параметри... Штом ја отворите апликацијата за Facebook од вас ќе побара повторно да се логирате за потврда, а кога ќе ги внесете корисничкото име и лозинката, софтверот ги праќа тие податоци до неговиот креатор.

Украдените податоци може да се злоупотребат за неовластено користење на вашиот онлајн профил, но и кражба на уште податоци и вашиот дигитален идентитет.

GhostTeam беше откриен паралелно од тимовите на компаниите Avast и Trend Micro. Се смета дека изворниот програмер на штетниот софтвер е од Виетнам.

Засега на најголем ризик се изложени корисниците на Android во Индија, Индонезија, Бразил, Виетнам и Филипините, објави Hacker News.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Софтвер

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more

Microsoft ја укинува поддршката за Android апликациите на Windows

Read more

Apple казнет со 1,8 милијарди евра за кршење на правилата за стриминг

Read more

Корисниците на Windows 11 сега можат да ги користат мобилните како веб камери

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе