Нов Зеланд: Педесет отсто шанси за нова ерупција на вулканот

Новозеландскиот Истражувачки институт ГНС предупреди дека постојат 50 отсто шанси во следните 24 часа да дојде до нова ерупција на вулканот на Белиот Остров, која би можела да биде со слична јачина.

– Проценивме дека во следните 24 часа веројатноста дека ќе дојде до нова ерупција е голема. Постои исклучително мала веројатност дека каков бил налет на пепел ќе стигне до копното, но гасот може да се раствора зависно од моментната насока на ветрот, изјави вулканологот Геф Килгур.

Предупредувањето за ерупција на вулканот останува на нивото три, што укажува дека се случуваат мали локални ерупции.

Од вчерашната ерупција, сеизмичките активности се намалиле, меѓутоа ГНС наведува дека и понатаму се набљудува локалното испуштање на пареа и кал од активниот вентилациски простор.

Се претпоставува дека луѓето кои се наоѓале во близина на езерото, при ерупцијата веројатно биле погодени од топла вода, камења, предмети и имале проблеми со дишните патишта. Хоспитализираните имале изгореници, повреди од експлозија и проблеми со дишењето.

*Внимание: Содржината може да ве вознемири

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави денеска дека 11 државјани на Австралија се водат како исчезнати, додека 13 се хоспитализирани по ерупцијата на вулканот на Нов Зеланд.

Се претпоставува дека тројца од петте жртви од ерупцијата се австралиски државјани, истакна Морисон.

– Стравувам дека информациите ќе бидат и полоши во текот на денешниот или следните денови. Ова е ужасна трагедија, додаде австралискиот премиер.

Вкупно 24 австралиски државјани, на возраст од 17 до 72 години, биле дел од групата, која со крузер пристигнала на белиот остров да го истражува вулканот кога дојде до негово активирање.

Некои од повредените се наоѓаат во критична состојба и се распоредени во неколку новозеландски болници.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе