Регион

Нов земјотрес на Крит

12. декември 2019 - 10:15 | МИА

Уште еден земјотрес со интензитет од 4,8 степени по Рихтер утрово го погоди Крит, соопшти атинскиот Геолошки институт.

Епицентарот се наоѓал во морето, 12 километри југоисточно од Закрос.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Тоа е втор потрес кој во последните 24 часа го погоди грчкиот остров. Вчерашниот земјотрес беше со интензитет од 5,3 степени. 

Коментирај