Нова божикна каланда, со видео запис „Христос се раѓа, на светот радост“

По повод големиот празник Христовото раѓање - Божик, на задоволство на верниците подготвен е видео запис за новата божикна каланда „Христос се раѓа, на светот радост“.

– Деновиве, на голема радост на сите, во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорската обител, со благослов на нашиот Старец, епископот Антаниски Партениј, а во соработка со здружението „Бадникови поворки“, се подготвуваше уште еден видео запис за новата божикна каланда „Христос се раѓа, на светот радост“, вели сестра Ефимија.

Додава дека оваа музичка творба потекнува од широките балкански простори од времето на Ромејското Царство, Византија и се пеела меѓу мијачкото население, заради што и сегашната верзија е отпеана токму на познатиот мијачки дијалект.

– Нејзиниот народен мелос, пак, е карактеристичен за нашите простори, како и за богатата традиција која сме ја сочувале како наследници на ромејската култура и духовност. Коледарските песни, каландите, се пееле во периодот од Бадник до Василица, односно со нив се прославувал и почетокот на Новото лето Господово, кој е, секако, поврзан со раѓањето на Спасителот Христос, додава таа.

Remote video URL

Посочува дека екипата, со огромна љубов, радост и посветеност се собрала за да го оствари овој историски потфат во чест и спомен на богатиот творечки дух на Мијаците, на нивната вера и ревносна борба за зачувување на православната вера и традиција и во најтешките времиња.

Видео записот е во продукција на 2С Студио, режијата е на Дејан Пројковски, учесници се групата „Љубојна“, актерот Мето Јовановски, голем број на музичари и статисти и други лица додека снимањето, миксањето и мастерингот е на студио „Подрумот“.

Remote video URL
Тагови
реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе