Нова дефиниција на патување низ Македонија со СКОПСКО Smooth

Во време кога откривањето на тајните катчиња на Македонија е во полн ек, СКОПСКО Smooth дава нова дефиниција на тоа што значи да се откриваат нови, свежи дестинации. Заедно со патувачкиот блог No Man'sLand кои веќе некое време шетаат низ земјата и ги бележат нивните авантури, Smooth прошета низ петте најсвежи локации.

Првата приказна раскажана низ призма на свежината е онаа за еден дел од Мариово што крие многу посебна приказна. А приказната ја пренесуваме баш онака како што No Man's Land ја раскажува - погледнете го видеото, а потоа прочитајте како е да одиш на есенско пиво во Старавина:

Remote video URL

Ова е период на последните долги сончеви денови, кога ги впиваме зраците кои знаат да имаат и заби. И кога сакате сигурна локација, каде сонцето вистински грее и кога на другите страни од Македонија, можеби е облачно....тогаш доаѓате во Мариово. Овде времето како да стои, заглавено во летото, а веќе е есен. Навраќањето во Мариово, ви е како посветеност, на една посебна магична љубов.

И тоа она наше Мариово, во кое уживаме скоро секогаш на ист начин.
Уживаме во тишините, трагаме по напуштени домови или премногу се радуваме на случајни средби со неколкуте останати жители во еден бришан простор од 1.038км2 и откриваме уште по некоја филмска локација која го направи вистински славен овој крај, на големото платно, благодарение на најдобрите филмови кои некогаш се снимиле кај нас. И, замислете, секогаш прва асоцијација на престој во Мариово е да носиме со себеси пиво, да најдеме добра точка и да уживаме во секоја ладна голтка, кога сонцето удира на камените површини, кои имаат и длабоко геолошка, но и реална историја.

И кога така уживаме, во убавините на овој скоро див предел, лебдат прашања од типот: Колку е доволно далеку, за безбедно целосно да не се оддалечиме? Да помирисаме, еден поинаков воздух, да видиме стари заборавени цветови, да се изгубиме во боите на еден скоро пустински предел, со исти бои навидум, но различни форми. И што е она што еден од краевите со најголем наталитет после двете светски војни, остана напуштен на крајот на минатиот век?
Па почнуваме разговори од типот „замисли ја историјата тука“, зошто вака наместени на карпата до селото Старавина, каде решивме да го искулираме овој есенски ден, се потсетуваме дека гледаме на историската локација каде што се случила Мариовската Буна, од која остатоци има и денес, дека во едно маало подолу во селото е куќата на Калеш Анѓа, дека ако го завртиш погледот кон југ, го гледаш Кајмакчалан, скоро недостижен, а толку блиску и наоѓаш објаснување зошто токму тука бил главниот фронт од првата голема војна, која човештвото ја памети...

Голтките ладно пиво, те потсетуваат  на почетокот на есента, кога заспиваат ливадите, на кои некогаш се одгледувал и јачмен и хмељ, во очекување на едни поинакви прегратки на природата која есента ги носи, на тоа колку малку знаеме да уживаме во миговите. Онака целосно, без задршка...Кога патуваме низ Мариово, единствено што помислуваме е на едно големо „благодарам на природата“ која тука се поиграла на еден поинаков начин. Посурова, но трпелива, ти пружа престој и заштита, а истовремено те замислува како можат да поминат стотици километри во круг и да не сретнете жив човек.

Зборот изолација, толку често го користиме во овој период, а тука тој збор вистински се живее. Тука во целосна хармонија со природата, која скоро е недопрена, живееш и дишeш со полн здив, не плашејќи се за последиците од тоа како дишеш и каде дишеш...
Патувањата низ Мариово, се патувања на радости и мир, најдобрата заштитна маска во овие времиња, да бидеш сам со природата. Какво враќање кон себеси, кон своите вистински чувства, па и стравови...и овде не доаѓаш на одмор...овде доаѓаш на изолиран живот, едноставен, понекогаш и физички суров, но прекрасен во своите правилности.

Ако Ви затреба авантура, предизвик и телесен и духовен, надвор од 4 сигурни ѕидови или далеку од местата кои се „туристички“, дојдете на авантура во Мариово...без комфор, без рутини и без навики, освен онаа наша навика, да имате Скопско Смут со себеси. 
Мариово е локација за блискост со нашите неспоивости. Нешто како желбата да се биде мал на големо место или голем на овој празен простор, да се биде високо, а ниско, да се биде ниско, а да гледаш високо, да гледаш пространост, а пред тебе е крај кој за многумина бил тесен, па го напуштиле.
Во Мариово, ја имаш таа привилегија да се предадеш на времето, на природата и на самиот себеси.
Истовремено додека кулираш во денот на многу локации низ овој најретко населен крај не само кај нас, туку пошироко во регионот, силно веруваш дека некои близни во оваа далечина се раѓаат. 
Дојдете во Мариово, откријте го на еден ваков смут начин.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Промо

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more

Macan поставува нови стандарди: првиот и целосно електричен SUV на Porsche

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе
  • filter

17 април 1492, Колумбо се договорил со шпанскиот крал да бара нов пат до Индија

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и да меча суспензија

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе