Нова демократија со водство од 9,5 oтсто пред СИРИЗА, Грција оди на предвремени парламентарни избори

Со разлика од 9,5 отсто во однос на СИРИЗА, најголемата грчка опозициска партија, Нова демократија е победник на вчерашните европски избори во Грција, а земјата, како што самиот најави Алексис Ципрас, набргу оди на предвремени избори, јави дописничката на МИА од Атина.

Според преброените 74.27 отсто од гласовите заклучно со 9 часот утрово по локално време, претставници во Европскиот Парламент добиваат седум грчки партии, меѓу кои за прв пат, две новоформирани. Едната од поранешниот член на ултранаципналистичката ЛАОС, Кирјакос Велопулос (Грчко решение), другата од поранешниот министер за финансии во владата на Ципрас, Јанис Варуфакис (Мера25).

Поконкретно:

Нова демократија 33,24 % – 7 европратеници

СИРИЗА 23,74 % – 6 европратеници

Движење на промена 7,51% -2 европратеници

Комунистичка партија на Грција 5,54% -2 европратеници

Златна зора 4,86% -2 европратеници

Грчко решение (Велопулос) 4,12% -2 европратеници

Мера25 (Варуфакис) 3,06% -2 европратеници

Останати партии 17,93%

Опозициската Нова демократија, освен на европските, во водство е и на локалните избори во Грција, а веќе од првиот круг доби пет грчки периферии.

Со преброени 72,62 отсто од гласовите, Нова демократија победи во регионите Централна Македонија, Западна Македонија, Епир, Тесалија и периферијата што ги вклучува островите од северниот дел на Егејското море, каде што нивните кандидати за префекти освоија над 50 отсто од гласовите.

Во општина Атина, со преброени 98,20 отсто од гласовите, Костас Бакојанис од Нова демократија освои 42,67 отсто, а кандидатот на СИРИЗА, Насос Илиопулос 16,96 отсто. Сепак последната битка ќе се води следната недела во вториот круг.

Втор круг ќе има и во општина Солун. Николаос Тахиаос од Нова демократија е сигурен на првата позиција со 22,48 отсто, додека пак тесна битка се води за второто место меѓу Константинос Зервас и Јоргос Орфанос, со разлика од само 0,3 отсто со пребројани 57 отсто од гласовите. Кандидатката од СИРИЗА, Катерина Нотопулу, е на четвртата позиција со 13,54 отсто.

Излезноста на евроизборите е 58,27 отсто, на изборите за префекти 58,15 отсто, а за градоначалници 58,71 отсто.

Откако вчера, Министерството за внатрешни работи на Грција ги соопшти првите официјални резултати, лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис побара од Ципрас да преземе одговорност и да си даде оставка.

-Грција има потреба од нова влада, со свежа доверба од грчкиот народ што ќе ја гарантира стабилноста, но и нејзината перспектива во оваа критична околност. Премиерот мора да ја преземе неговата одговорност, за доброто на земјата треба да си даде оставка, а земјата да оди на национални избори колку е можно побргу. Ова на крај е единственото чисто решение. Грција не може да чека повеќе не може континуирано да отстапува, рече Мицотакис.

Грчкиот премиер, неколку минути пред полноќ, рече дека по вториот круг на локалните избори следната седмица, ќе побара од претседателот на државата да распише предвремени парламентарни избори.

-По вториот круг од локалните избори ќе побарам од претседателот на државата да распише предвремени парламентарни избори за на крај грчкиот народ да биде оној што ќе ја даде конечната одлука, рече Ципрас објаснувајќи дека нема намера да избега и нема да го игнорира резултатот од изборите.

Неофицијално во Грција, како и во изминатиот период, така и сега, како можен датум за избори се споменува 30 јуни.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе