Jaguar лансираше нов ѕвер - Jaguar XE SV Project 8 има 5.0 литарски V8 мотор со 600 коњски сили.
Силата се пренесува на сите четири тркала преку осумстепен Quickshift автоматски менувач, а од нула до стотка забрзува за 3,7 секунди, додека максималната брзина изнесува 320 км-ч.
За аеродинамичните подобрувања заслужни се предниот сплитер кој се подесува, плочата која е поставена под автомобилот, задниот дифузер (од кој излегуваат 4 издувни цевки) и големиот спојлер. Масата е намалена со употреба на јаглеродни влакна во процесот на изработка на браниците и хаубата.
Jaguar XE SV Project 8 ќе се произведува во ограничена серија од 300 примероци, кои ќе се продаваат по почетна цена од 150.000 фунти (околу 170.000 евра).