Свет

Нова ера на патувањето: Авионот на најдолгиот лет во историјата слета во Њујорк

12. октомври 2018 - 13:38 | А.С.

Singapore Airlines го изведе најдолгиот непрекинат лет во историјата на комерцијалниот авиотранспорт. Авионот Airbus A350-900 ULR со број на лет SQ22 полета од Сингапур вчера, помина нешто повеќе од 15.000 километри и слета во Њујорк по 18 часа и 25 минути, со 150 патници и 17 членови на екипажот.

Џефри Томас, главен уредник на специјализираниот портал Airlineratings.com рече дека најдолгиот лет во историјата поминал глатко и дека тој и повеќето патници со кои разговарал воопшто не се чувствувале како да летаат 18 часа.

Singapore Airlines соопштија дека има побарувачка за долги летови без застанување бидејќи на тој начин се скратува времето на патување, како и трошоците. Пред полетувањето на историскиот лет, авиокомпанијата соопшти дека сите седишта во бизнис класата биле букирани, а во премиум економска класа останале „многу малку слободни места“. Додаваат дека не планираат да има седишта од економска класа на овие екстра долги летови.

Летот SQ22 превезе 161 патник во бизнис класа и 94 патници во премиум економска класа. Билетот за бизнис класа им обезбеди на патниците два оброци со можност за бирање опции, освежувачки пијалаци и кревет за спиење. Премиум економска класа нуди три оброци и освежувачки пијалаци.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

I couldn’t decide which main course to have... so I had them all

A post shared by Richard Quest (@questinny) on

Летот го изведе екипаж од 17 членови што работеше во две смени, од кои двајцата капетани имаа задолжителен одмор од осум часа за време на летот.

„Оваа линија меѓу два огромни финансиски центри најмногу ќе ја користат бизнисмени и имашни луѓе кои често патуваат и би платиле за да го скратат времето поминато во летање и прекачување на летови“, вели Томас.

„Навистина влегуваме во нова ера на патувањето“, додаде тој.

Коментирај