Нова ера „на струја“: Spectre е првиот електричен Rolls-Royce 

Луксузното купе го означи влезот на Rolls-Royce во трката „на струја“.

Се разбира, Rolls-Royce тоа го прават на свој начин. Тие едноставно можат да си го дозволат тоа, односно да бидат сигурни дека лесно ќе извлечат неколку стотици илјади евра од верните клиенти за огромно електрично купе тешко нешто помалку од три тони.

Поточно, Spectre тежи 2.975 килограми, што го прави еден од најтешките автомобили на пазарот во моментов. Се разбира, Spectre не е мал автомобил, па растојанието меѓу оските е дури 3.210 мм. Поддржувачката рамка е алуминиумска, но товарот на огромната батерија не може да се сокрие. Добрата вест е што батеријата е интегрирана во гореспоменатата рамка и дека ова купе е 30 проценти поцврсто од било кој од претходните модели на компанијата.

Со тежина од 700 кг, батеријата има капацитет секако поголем од 100 kWh и обезбедува домет од солидни 520 км според WLTP. Вреди да се спомене погонот со максимални 585 КС и 900 Nm, кој RR очигледно го смета за доволен за да го задоволи апетитот на идните сопственици, како и некои од основните стандарди на марката.

На крајот на краиштата, електрификацијата не е нешто сосема ново за Rolls-Royce, имајќи предвид дека Чарлс Ролс размислувал за електричен автомобил пред повеќе од 120 години. Во 1900 година купил електрично возило и бил магепсан од чувството на возење без бучава, вибрации и смрдеа.

Документите велат дека достигнува од 0 до 100 км/час за 4,5 секунди, но тоа е навистина неважно во автомобил од ваков калибар. Да, Spectre е брз, но треба да се доживее повеќе како копнена верзија на луксузна јахта, исто како што сугерира задниот дел на автомобилот.

Опремен со шасија „Magic carpet ride“ и Planar суспензија, Spectre ќе вози по планинските патишта меѓу Ница и Сент Тропе како на шини. Не е чудно што токму на овие патишта ги направи последните тестови и дотерување на последниот прототип пред почетокот на производството.

Нема потреба да трошите зборови за дизајнот. Доволно е да се каже - чиста класика, но и никогаш поширока предна маска со летви осветлени од 22 LED диоди. И да, светлата се двојни, каде што дневните се супер тенки, а главните се скриени во вдлабнатината под нив. Рецептот што неодамна го претстави BMW не помина најдобро кај критичарите. Тука ќе помине.

Да споменеме уште две особености. Првата е дека познатата статуа Spirit of Ecstasy е дотерана за да изгледа подинамично, модерно, па дури и поспортски. Втората е дека Spectre е првиот Rolls-Royce во речиси 100 години што стандардно се вози на тркала од 23 инчи.

За сè друго, погледнете ја галеријата, а ќе завршиме со шпекулации дека цената ќе биде некаде помеѓу Cullinan и Phantom, па 380.000 евра би биле реална проценка за почеток.

Remote video URL
Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе