Нова еуфорична прослава на легендарниот италијански новинар по победата на Милан
Славниот италијански новинар и голем навивач на Милан, Тизиано Крудели, еуфорично ја послави синоќашната победа на Росонерите против Рома со резултат од 2:1.
Играчите на Милан, на тој начин остварија голема победа во третото коло од Серија А и тоа со голот на Кутроне во последната минута од средбата.
„Кутроне, Кутроне, Кутроне, Кутроне!“, еуфорично викаше Крудели по постигнатиот погодок.
Крудели во светот е познат токму по ваквите еуфорични реакции, а најлегендарна беше прославата на голот на Кевин Принц Боатенг од 2011 година.
Инаку, Милан забележа многу важна победа, после болниот пораз од Наполи во претходното коло.